Меган Маркл ја обвинија дека ги брише негативните коментари под своите фотографии на социјалните мрежи, пишува Radar Online. Поранешната ѕвезда на „Suits“ откако го напушти кралското семејство, на Инстаграм објавува содржини со добротворен контекст, но тоа не ја поштедило од навредливите коментари.
Откако Меган и Хари се откажаа од кралските должности, нивните социјални мрежи се полни со негативни коментари. Се чини дека Меган има доволно време па под хуманитарните содржини ги брише коментарите.
Последната нејзина објава беше видео за уредување на насловната страница на Вог, но тоа не им се допадна на следачите, кои забележале дека на претходните фотографии ги избришала коментарите.
„Секој ден читам коментари на профилот и секој ден се повеќе има луѓе кои го осудуваат нејзиниот лажен живот. Исто така, секој ден тие коментари се бришат. Меган, можеш да ги избришеш негативните коментари, но не можеш да го избришеш ставот кој луѓето го имаат кон тебе. Продолжи да се уверуваш дека те сакаат. Лицемерието е твојот живот“, гласел еден од коментарите.
„Треба да го посетиш својот психијатар и да престанеш да си играш со социјалните мрежи Не го заслужуваш овој профил. Направи си сопствен и таму промовирај се и заработувај пари, не е од кралското семејство! Стани финансиски независна“, порачал друг следач.
Имаше и такви „фанови“ кои потврдија дека претходните коментари им „исчезнале“.
„Да, мојот коментар е избришан, а единствено што напишав е дека има лош вкус за уредување“, напишал.