Точно пред една година светот беше сведок на свадбата на актерката Меган Маркл и Принцот
Хари. По повод нивната годишнина, тие споделија видео со досега невидени моменти од денот.

Меѓу нив можеме да видиме и моменти од подготовката и личните доживувања на двајцата
младенци со нивните роднини.
Во позадината на видеото се слуша песната „This Little Light of Mine“, кое двојката го избра за оваа
пригода.
https://www.instagram.com/p/BxotAfKgy1o/?utm_source=ig_web_copy_link
Во текстот кон видеото, тие им се заблагодарија на сите свои фанови низ светот: „Ви благодариме
за целата љубов и поддршка што ја добивме од толку многумина од вас во светот. Секој од вас го
направи денот уште поспецијален“.