Меган има целосна контрола над животот на принцот Хари

352 прегледи

Принцот Хари потполно се смени откако ја запозна Меган Маркл, велат експертите за кралското семејство, пишува Page Six. Тие се уверени дека зад одлуката за напуштање на кралските должности стои Меган и дека таа го натерала својот сопруг на тоа.

– Таа е таа која сакаше повторно да живее во Канада и Калифорнија, каде се чувствува среќно. Сака да го тргне синот Арчи од рестриктивните и наметливи политики на Бакингемската палата – велат експертите.

Веќе некое време односите меѓу принцевите Хари и Вилијам не се најдобри.

– Односот меѓу браќата е напнат откако Хари ја запозна Меган, но работите се влошија откако се венчаа. Хари и Меган не поминуваа време со Вилијам и Кејт, а жените воопшто не се сложуваа. Вилијам и Кејт се поформални и се согласуваат со кралскиот протокол, а Хари и Меган се потполно спротивни. Немаат ништо заедничко – рекол извор од палатата.

Хари, со текот на времето престанал да се дружи со долгогодишните пријатели и станал многу позатворен.

– Никој не може да го обвини за тоа што сака да ја заштити сопругата, на која и е навистина тешко со медиумите. Хари навистина ја сака и сака да биде среќна и сигурна, а уште повеќе, не сака да пати како неговата мајка- Дијана. Но сега, пријателите на Меган од Холивуд станаа и пријатели на Хари, како семејството Клуни. Таа презеде контрола врз неговиот живот- велат експертите.

Слични содржини