Веста дека Меган Маркл конечно после четири години ќе го види во живо својот татко наиде на возбуда и одобрување кај нејзините обожаватели. Причина за тоа е нејзиниот комплексен однос со родителот, кој ги полни страниците на таблоидите.
Сепак, поводот за оваа специјална средба е непријатен. Меган и Томас ќе се сретнат очи во очи на суд во врска со скандалот со британскиот таблоид „Мејл“, во недела.
Причина за тоа е писмото од Меган до татко ѝ, објавено во списанието, непосредно по свадбата на Хари и поранешната холивудска актерка. Томас лично го испратил писмото до списанието, а минатата недела принцот Хари донесе тешка одлука да го тужи таблоидот за објавување што сериозно ѝ наштети на неговата сакана.
Според роднините на Томас Маркл, тој е подготвен да лета за Велика Британија и да се брани. Таткото на војвотката открива дека писмото го повредило, иако содржината била учтива и љубезна. Тој исто така се чувствува повреден затоа што сè уште не го видел неговиот внук Арчи.
– Сето ова лудило може да запре, потребно е само еден повик на телефон – додаде Томас во изјава за медиумите.
Медиумите дознаа за комплицираната врска меѓу Меган и нејзиниот татко откако тој не беше поканет на свадбата и не ја однесе до олтарот. Тогаш се појавија информации дека Томас имал лесен срцев удар, што го спречило да прелета преку океанот и ја испрати ќерка си до олтарот.
А, како се одвива средбата меѓу Меган и нејзиниот татко и дали тој конечно ќе може да го види својот внук, наскоро ќе дознаеме.