Според информациите до кои ексклузивно дојде „Page Six“, Меган Маркл ангажирала поранешни агенти на Тајната служба како дел од нејзината приватна придружба за обезбедување. Необележаното возило припаѓало на Њујоршката полиција и во него се наоѓале двајца детективи на разузнавањето.
Контроверзниот член на кралското семејство се возел во еден од теренците, додека другите два служеле како „мамки“. Во нив немало никој освен возачот, за евентуално да ги измами фотографите кои ја чекаа.
„Ова е апсолутно ненормално и целосно претерано“, изјави извор близок до папарацо круговите за „Page Six“.
Истиот извор ја спореди нејзината придружба со други ѕвезди: „Тејлор Свифт обично има два автомобили. Ким Кардашијан, Џеј Зи, Бијонсе и Ријана патуваат во ист автомобил, работите се менуваат само ако имаат членови од семејството со нив. Никој не добива полициска придружба. Меган е целосно надвор од контрола и смешно е ако градот плаќа за ова“.
Друг извор, сепак, тврди дека познатите личности можат да побараат полициска заштита доколку е потребно, во зависност од проценката на заканата и околностите.
Колона од четири автомобили прво ја придружувала поранешната ѕвезда на „Suits“ на раната вечера во „Поло“ барот на Ралф Лорен, каде што таа се сретнала со пријателите. Принцот Хари не бил присутен бидејќи, како што се испостави, тој во тоа време бил во ненајавена посета на Украина.
Маркл, облечена во црна кошула со копчиња и здолниште со дезен, подоцна заминала во театарот „Маџестик“ на претставата „Џипси“. И покрај нејзината импресивна придружба, изворите велат дека таа успеала да остане главно незабележана од другите театарџии.
Ова не е прв пат Меган и Хари да истакнат дека се загрижени за сопствената безбедност во Њујорк. Во мај 2023 година, нивниот претставник го опиша инцидентот на папараците како „речиси катастрофална бркотница со автомобил“, која наводно траела повеќе од два часа.
Сепак, повеќе извори потоа изразија сомнеж за нивната верзија на настаните. Висок извор од NYPD изјави дека „нема извештаи за несреќа или повици на 911“ и дека потерата „дефинитивно не траела два часа“.