Меган Маркл денеска полни 42 години

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Меган Маркл, избраничката на принцот Хари, денеска полни 42 години, а нејзиното име несомнено ќе остане запаметено по еден од најголемите скандали во историјата на кралското семејство.

Меган веќе имаше успешна кариера во Холивуд (најпозната улога ѝ е онаа во серијата „Suits“ во која глумеше седум сезони), но целиот свет слушна за неа кога почна да излегува со принцот Хари. Кога се верија во 2017 година, веста одекна низ целата планета, а потоа започна лудилото од таблоидите кое не се памети од трагичната смрт на принцезата Дајана.

Набргу сите почнаа да ги споредуваат животните приказни на поранешната принцеза и онаа која наскоро ќе стане, но тоа не им се допадна на сите. Саканата Дајана беше симбол на скромноста, самопожртвуваноста и хуманоста, а тие епитети никако не ѝ беа доделени на Меган Маркл.

Иако и двете се жртви на прогон на таблоидите, угледот на Дајана не беше разнишан кај народот, додека сликата за Меган и денес е црно-бела во јавноста.

Сето ова доведе до одлука која го шокираше светот – Хари и Меган се откажаа од своите титули и ја напуштија земјата, преселувајќи се во Калифорнија. Тогаш тврдеа дека само сакаат мир и да си ја зачуваат приватноста, но од тој момент го направија спротивното. Покрај документарецот, Хари минатата година објави и мемоари под името „Резерва“, која брзо стана бестселер, а често даваа и изјави за медиумите.

Сепак, иако се откажаа од финансиски удобниот кралски живот, Меган и Хари дефинитивно овие денови не живеат скромно. Имено, по смртта на нивната мајка, принцезата Дајана, Вилијам и Хари наследија богатство вредно 13 милиони евра. Тие пари го финансирале нивното заминување во Америка, како што откри Хари во разговор со Опра Винфри.

Исто така, се верува дека дедото на Хари, таткото на неговата мајка, му оставил богатство од повеќе милиони долари, па никој не е премногу загрижен за финансиската состојба на Меган Маркл овие денови.

Слични содржини