Наскоро поранешнат војвотка од Сасекс, Меган Маркл ја обработи својата последна самостојна кралска должност.
Association of Commonwealth Universities е едно од здруженијата чиј покровител беше Меган скоро една година, па со нив се сретна за последен пат во Бакингемската палата. За таа прилика Меган се облекла, од глава до пети, во темносина боја.
Нејзиниот избор паднал на елегантен фустан со миди должина кој ја истакна нејзината витка фигура, како и чевли и чанта во истата боја.
Интересен детаљ беше машната околу вратот кој 1 даде дополнителна доза на софистицираност, а во тоа помогна и фризурата, заличано ниско опавче.
Инаку, овој елегантен фустан е со потпис на дизајнерската куќа Scanlan Theodore, а војвотката со неа се пофали и на Инстаграм профилот, на кој објавила видео од средбата.