Синот на војвотката од Сасекс – Арчи, е именуван по мачка, која Меган многу ја сакала пред многу
години, откриваат блиски донеа, цитирани од „Сан“.

Таа честопати разговарала со своите пријатели за дебела мачка по име Арчи, која била вдомена од
нејзината мајка Дориа. Миленичето станало дел од семејството на идната Војвотка, и таа била
многу привзана за него.
„Не е изненадување што таа го именуваше своето дете Арчи. Таа навистина ја сакаше оваа мачка“,
вели изворот.
Некои веруваат дека Меган го поврзува името Арчи со нејзиниот татко и на тој начин се обидува да
ги излечи своите затегнати односи.
Омилената мачка на Меган починала додека била на колеџ во Илиноис.