Скоро секој љубовен пар има прекари кои ги користат еден за друг, па ниту Меган Маркл и Хари не се исклучок.
Но, наместо традиционалните (и помалку досадни) „бебе“ или „душо“, тие се одлучиле за малку попрактични и, сосем сигурно, поуникатни.
Според изворите на магазинот People, Меган и Хари едноставно се нарекуваат „М“ и „Х“, односно со првите букви од нивните имиња.
За потсетување, за време на снимањето на документарниот филм Хари&Меган: Афричко патување, Меган за прв пат го открила прекарот за сопругот, а се чинеше дека и е малку незгодно поради тоа признание, што на многумина им било убаво, па дури и слатко.
Исто така, изворот откри дека парот е „позаљубен од било кога“ и дека „мегусебно се сложуваат и слатки се“, а се чини дека нивната љубов процвета откако повеќе не го чувствуваат притисокот на кралските должности.