Меган Маркл е сигурна во тоа дека таа и Хари се жртви на принципите на кралското семејство и дека поради тоа одлучиле да бидат независни од нив.
Според пријателите на војвотката, Меган им се доверила дека таа и Хари немале друг избор, освен јавно да соопштат дека се повлекуваат од кралските должности. Таа никогаш немала намера да заработи на брендот на кралското семејство, ниту да ги злоупотреби привилегиите.
Како што наведува „Дејли мејл“, Меган точно знаела дека Хари е миленик на кралицата, но и дека тоа навистина пречело во нивното функционирање како нормално и здраво семејство.
Во моментов, Хари ги завршува преостанатите кралски обврски, за од 1 април да може заедно со Меган да го започнат долгопосакуваниот кралски живот. Таа веќе не оди со него на ваквите настани.