Меган Маркл имала спонтан абортус, ги опиша болните моменти во болницата

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Меган Маркл имала спонтан абортус кога се преселила во Америка. Војвотката од Сасекс изјави дека изгубила уште едно дете додека му менувала пелена на нејзиниот син Арчи.

Најтешко и било гледањето на принцот Хари како тагува додека таа самата се „распаѓа“.

– Откако ја сменив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Се спуштив на под со него во рацете, пеејќи му приспивна песна за да не смири двајцата – напиша Меган.

Како што напишала, кога се разбудила и ги нахранила кучињата, ги средила облеките и боичките на Арчи, а потоа ја врзала косата во опашка. Почнала да ја менува пелената на Арчи кога почувствува силна болка во стомакот.

– Неколку часа подоцна лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на сопругот. Ја почувствував топлината на неговата дланка и тој ја бакна мојата рака, која беше влажна од нашите солзи. Загледана во студените бели sидови, очите ми се исполнија со солзи – напиша Маркл

Слични содржини