Меган Маркл изгуби еден од најважните спорови и треба да плати 67,000 фунти судски трошоци

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Поранешната актерка и војвотка од Сасекс, Меган Маркл (38) ги тужеше „The Mail on Sunday“ минатата година за две статии во печатена форма и три во он-лајн издание, а сето тоа заради нејзините писма што ги испрати на нејзиниот татко пред нејзината свадба на принцот Хари (35) во мај 2018 година.

Но, сега таа го загуби спорот.

Меган Маркл сега треба да плати повеќе од 67,000 фунти судски трошоци откако ја загуби „битката“ против таблоидот. Војвотката од Сасекс ги тужеше за напис што го објавија во февруари 2019 година, во кој се содржани делови од писмото што таа го испрати на нејзиниот татко Томас.

Во мај, судијата ги отфрли обвиненијата во тужбата во која Маркл тврдеше дека британските таблоиди ја искористиле нејзината лоша врска со нејзиниот татко две години откако не зборуваат.

Од друга страна, адвокатот на таблоидите се праша како можела да знае дека таблоидите манипулираат со него, ако во тоа време не комуницирала.

Меган истакна дека смета дека тие намерно сакале да ја скараат со нејзиниот татко за да можат дополнително да ја омаловажуваат во јавноста, затоа што во тоа време не била популарна од неколку причини.

Тоа е интимно писмо што Меган го испратила на нејзиниот татко во пресрет на свадбата, додека ги открила своите приватни тајни, фотографии и други информации до списанија и портали, а таа верува дека тој бил изманипулиран за тоа.

Според британските медиуми, Меган на 22 јули годинава се согласила да ги плати сите трошоци.

И, како да сè што им се случува не е доволно, во август ќе биде објавена книга што може дополнително да ги „закова“ односите во кралското семејство.

Станува збор за биографија на војводата и војвотката од Сасекс, а авторите на книгата истакнуваат дека од веродостојни извори дознале дека принцот Хари бил тој што сакал да ги напушти сите кралски должности, а не Меган како што претпоставувале сите.

Принцот, наводно, бил фрустриран од кралскиот начин на живот и бил голем двигател во напуштањето на кралските должности и заминување во Америка, барем судејќи според новата книга „Пронаоѓање на слободата“ од Омид Скоби и Керолин Дуранд.