Меган Маркл ја прикрива бременоста?

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната актерка Меган Маркл не се појави во јавноста откако беше снимена во средината на април во друштво на нејзиниот три години помлад сопруг, принцот Хари, како разнесува храна во Лос Анџелес за време на пандемијата на коронавирусот.

Токму поради тоа, многумина пишуваа дека војвотката, внатре во нејзините четири ѕида, ја крие својата втора бременост, а тие гласини сега по скоро три месеци ги засилија нејзините први фотографии во јавност, пренесоа странските медиуми.

Имено, Меган Маркл и Хари биле снимени за време на нејзината посета на Беверли Хилс, каде што имала закажан термин во приватна клиника.

Меѓутоа, вниманието на многумина го привлече изборот на Меган за комбинација на облека, односно широкиот фустан под кој не е можно да се види дали таа го крие трудничкиот стомак или не. Токму затоа овие фотографии дополнително ги разгореа гласините дека нивниот едногодишен син Арчи наскоро ќе стане постар брат.

Слични содржини