Меган Маркл конечно откри зошто им е лута на новинарите

од desk4
274 прегледи

Војвотката Меган конечно јавно прозборе за нејзиниот револт кон британските медиуми. Таа вели дека во борбата за читаност тие креирале скандалозни и напумпани наслови, но никој не побарал потврда од неа за наведените информации.

Меган открила дека се чувствува нападната од таблоидите и дека постојано е под нивната лупа, било за кралскиот протокол, нејзиното однесување или начинот на кој се грижи за својот син Арчи.

Таа за ова првпат зборувала во интервју за ИТВ, со новинарот Том Бредби, кој е првиот кој всушност ја прашал како таа се чувствува. Тоа ја изненадило, бидејќи првпат некој поставил прашање за неа, а не за скандалите од нејзиното минато.

Неодамна, принцот Хари објави емотивно соопштение во одбрана на својата сопруга:

„Предолго бев тивок сведок на страдањето кое го криеше од јавноста. Да не направиме ништо – тоа е спротивно на она во кое веруваме“, напиша тој тогаш, осврнувајќи се на проблемот со однесувањето на британските таблоиди, кое тој го оцени како деструктивно за неговото семејство.

Слични содржини