Меган Маркл најде начин како да го пополни времето додека Хари е во Германија

од Vladimir Zorba
649 прегледи

И додека игрите Invictus, чиј основач и покровител е принцот Хари, продолжуваат во Германија, Меган Маркл остана во Америка со своите деца. Папараците ја снимија како оди на возење со пријател со нејзиниот скап Range Rover за да земе хамбургери

Според најавите, 42-годишната Меган Маркл вечерва треба да замине во Германија за да му се придружи на својот сопруг, принцот Хари, на овогодинешните Invictus Games. А времето до летот го поминува дружејќи се со својата пријателка, со која папараците ја снимиле во ресторанот за брза храна „In-N-Out Burger“.

Војвотката од Сасекс беше фотографирана зад воланот на нејзиниот скап теренец Range Rover, за кој се проценува дека чини повеќе од 100.000 долари, додека нарачуваше храна на возење.

Насмеана и со очите скриени зад големи црни очила, Меган нарачала храна, а интересно е што вработените не ја препознале темнокосата жена како поранешна актерка и сопруга на британскиот принц, која во последните години не ги напушта насловните страници на таблоидите. токму поради кралското семејство.

А дека во тој ресторан за брза храна е чест гостин, Меган открила минатата година за Variety, кога рекла дека се наоѓа недалеку од нивниот дом во Монтесито и дека често одат таму.

Слични содржини