Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, долго време се соочуваше со гласини и обвинувања дека го малтретирала својот персонал пред да се пресели во Калифорнија со принцот Хари.
Иако самата кралица нареди независна истрага од приватна адвокатска фирма, извештајот што тие го составија никогаш нема да биде објавен, пишува The Sunday Times.
Неофицијални извори од Бакингемската палата известуваат дека причината за тоа е конечно запирање на секаква ескалација на тензиите меѓу Меган и Хари и остатокот од кралското семејство. Официјалната истрага опфати сослушување на четири или пет членови на помошниот тим на Хари и Меган, иако до 25 вработени кои може да се сметаат за потенцијални сведоци работеа за нив понекогаш. Се чини дека тие немаа никакви поплаки.
Помина повеќе од една година од покренувањето на истрагата, но кралските власти досега одбиваа да обелоденат какви било резултати, па дури и да потврдат дали резултатите од истрагата ќе бидат вклучени во овогодинешниот официјален извештај, кој треба да биде објавен во јуни.
Палатата нема да даде официјална изјава за извештајот, ниту ќе ги признае промените во политиката за човечки ресурси по наводното малтретирање на Меган, пишуваат британските таблоиди.
Да потцетиме, двајца вработени ја обвинија војвотката од Сасекс дека ги малтретирала додека една поранешна вработена рече дека ја понижувала. Друг помошник вели дека Меган користела емоционална суровост и манипулација, што исто така може да се нарече малтретирање.
Меган веднаш ги отфрли обвинувањата, а подоцна Опра Винфри во многу контроверзно интервју стави до знаење дека Бакингемската палата ги користи медиумите за „пренесување целосно лажна приказна“.