Меган Маркл, војвотката од Сасекс го доби спорот откако американскиот суд ја отфрли тужбата за клевета поднесена од нејзината полусестра.
Саманта Маркл ги тужеше сопругата на принцот Хари и актерката за наводна клевета и „штетни невистини“, вклучително и затоа што Меган тврдеше дека е „единица“ во интервју со ТВ водителка Опра Винфри.
Таа барала отштета од 75.000 долари.
Судот во Флорида ја отфрли тужбата, заклучувајќи дека Меган изразила мислење што не може да се докаже дека е погрешно.
„Разумен слушател би заклучил дека обвинетата изразува мислење за нејзиното детство и за односот со нејзината полусестра.
„Следствено, судот заклучува дека ова мислење не може објективно да се потврди или емпириски да се докаже.
„Тужителот не може законски да го побие мислењето на обвинетата за нејзиното детство“, рече судијата Шарлин Едвардс Ханивел, според белешките од судењето.
Саманта Маркл, ќерката на Томас Маркл од првиот брак и полусестрата на Меган Маркл, ја поднела тужбата во март минатата година.
Во неа таа тврдеше дека Меган:
* ја изложила на „понижување, срам и омраза низ целиот свет“
* погрешно ја протолкувала нивната врска растејќи, оставајќи впечаток дека се „речиси странци“ и дека таа „нема врска“ со нејзината сестра
*„лажно и злонамерно тврдела“ дека е „единица“ кога таа и принцот Хари имаа интервју со Опра Винфри во 2021 година
Во интервју за Опра, кое го гледаа повеќе од 50 милиони луѓе ширум светот, Меган изјави дека навистина не ја познава Саманта.
„Пораснав како единица, како што знаат сите што беа околу мене, и посакувам да имам браќа и сестри“, опиша таа.
Саманта Маркл, која живее на Флорида, тврдеше дека војвотката и ја нарушила репутацијата во 2020 година кога протекоа информации за неовластената биографија „Наоѓајќи ја слободата“.
Но, судијата Ханивел одлучи дека Меган Маркл не може да биде одговорна за содржината на книгата бидејќи не ја објавила.