Меган Маркл потпиша договор со холивудска агенција за таленти

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, потпиша договор со големата холивудска агенција за таленти WME и ќе ја претставува една од најмоќните фигури во забавната индустрија, извршниот директор на Endeavor, Ари Емануел.

„Меган (41) потпиша договор со WME за претставување“, објави Тајмс.

Агенцијата, која застапува голем број холивудски ѕвезди, ќе се фокусира на управувањето со деловните партнерства на војвотката и брендовите, како и на нејзината креативна работа во филмската и телевизиската продукција, објави Variety.

Слични содржини