Меган Маркл: Потребно е многу труд за да се прости

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Во интервју за американски магазин, војвотката од Сасекс, Меган Маркл зборуваше за тоа колку е важно простувањето.

На прашањето за нејзиниот однос со кралското семејство во интервју за „The Cut“, Меган изјави дека е потребно многу труд за да се прости.

„Навистина се трудев, особено знаејќи дека можам да кажам што било“, додаде таа.

Таа зборуваше и за односот на војводата од Сасекс со неговиот татко, принцот од Велс.

На прашањето на новинарката Алисон П. Дејвис за влијанието на нејзината тужба против „Мејл он сандеј“ за нарушување на приватноста, Меган рече:

„Хари тогаш ми рече: „Го изгубив татко ми во тој процес“.

„За нив не мора да биде исто како и за мене, но тоа е негова одлука“, додаде таа.

Портпаролката на војвотката подоцна изјави за Би-Би-Си дека Меган мисли на сопствениот татко, со кој ја прекинала врската, додавајќи дека се надева дека истото нема да му се случи на нејзиниот сопруг.

Извор близок до принцот Чарлс изјави за новинската агенција „ПA“ дека би бил тажен доколку Хари почувствува дека врската меѓу нив е изгубена.

„Принцот од Велс ги сака двата сина“, се додава.

Дејвис, писател кој претходно интервјуирал познати личности како Џејда Пинкет Смит и Лена Данам, ја прашала Меган дали може да им прости на членовите на кралското семејство, но и на сопственото семејство.

„Верувам дека простувањето е многу важно. Потребна е многу енергија за да не простите. Но, потребно е многу енергија и да проститее. Се трудам, иако знам дека можам да кажам се“, изјави Маркл.

Хари претходно рече дека неговиот татко принцот Чарлс престанал да му одговара на телефон кога тој и Меган решиле да се повлечат од сите кралски должности во 2020 година.

Според договорот, парот се откажа од титулите и стана финансиски независен.

Хари ја задржа титулата принц што ја доби при раѓањето.

Пред да се откажат од своите титули, се вели дека „Сасекси“ ги изложиле плановите да продолжат да ги извршуваат должностите на кралското семејство во Комонвелтот.

Меган рече дека верува дека предлогот не е „повторно измислување на тркалото“.

„Тоа, од која било причина, не е нешто што ни е дозволено, иако неколку други членови на семејството го прават токму тоа“, додаде Маркл.

Сасекси, кои сега живеат во Монтесито, Калифорнија заедно со синот Арчи и едногодишната ќерка Лилибет, потпишаа договори со медиумските брендови Spotify и Netflix откако ја напуштија Велика Британија.

Ова интервју е дел од промоцијата за нејзиниот подкаст Archetypes на Spotify, кој започна минатата недела.

Слични содржини