Војвотката на Сасекс го роди првото дете на принцот Хари, објави Бакингемската палата, цитирана
од „BBC“.

Радосниот принц Хари објави дека Меган Маркл родила момче. Двојката не знаеше однапред
каков ќе биде полот на нивното прво дете
Бебето ќе биде седмо во линијата за наследување на тронот по принцот од Велс, Војводата од
Кембриџ и неговите деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи – и Војводата од
Сасекс.
Принцот Хари и Меган Маркл јавно објавија дека е бремена на 15 октомври 2018 година – првиот
ден од нивната кралска обиколка на Австралија и Нов Зеланд.
Нивното прво дете е осмиот внук на кралицата Елизабета II.
Војвотката беше видена последен пат на официјален настан на 19 март, кога заедно со Хари се
потпишаа во книгата за жалост во Лондон за жртвите на теророт во Крајстчрч, Нов Зеланд.