Иако често е тема на поделени мислења, Меган Маркл повторно ја буди љубопитноста кај јавноста. 43-годишната поранешна војвотка не запира – дури и во моменти кога нејзиниот познат домашен џем не се појавува со месеци, таа вредно работи на нови проекти. Најновата вест? Меган најави дека втората сезона од нејзината документарна серија „Со љубов, Меган“ ќе пристигне на Нетфликс порано од очекуваното – веќе ова лето!
Во објава на Инстаграм, таа сподели досега необјавена сцена од првата сезона, напоменувајќи дека има „цел куп материјал кој не стигна да биде прикажан“ поради недостаток на време. Таа ги повика своите следбеници да го искористат викендот за повторно да ја изгледаат серијата или да ја погледнат за првпат, додека се подготвуваат за новите епизоди.
View this post on Instagram
„Одличен викенд за повторно гледање или почнување од почеток, додека се подготвуваме за втората сезона ова лето – и сета забава што доаѓа со тоа“, напиша Меган.
Интересен е моментот што серијата беше првично најавена за есен, според изјавите од Нетфликс, што го прави ова изненадно „летно“ пристигнување уште поочекувано за нејзините фанови.