Меган Маркл сепак нема да биде сенаторка: Еве кој е избран за позицијата

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Минатата недела британските медиуми објавија дека Меган Маркл би можела да биде замена за сенаторката од Калифорнија, Дајан Фајнштајн. Но, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом ја назначи Лафонза Батлер на таа позиција.

Откако „Дејли мејл“ објави дека Меган Маркл (42) би можела да го продолжи мандатот на калифорниската сенаторка Дајан Фајнштајн, се дозна дека таа позиција ѝ припадна на Лафонза Батлер.

Според медиумот, замената на Фајнштајн ја избрал гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

Батлер, која е и претседателка на групата за правата на абортусот Emily’s List, стана сенатор откако Дајан почина на 90-годишна возраст.

Лафонза Батлер беше и советник во претседателската кампања на актуелниот американски потпретседател Камала Харис.

Слични содржини