Меган Маркл случајно го откри полот на своето бебе?

од Nikola Popovski
392 прегледи

Интернетот е убеден дека Меган Маркл и принцот Хари со своето последно појавување „случајно“ го откриле полот на бебето.

Тие се јавиле од нивниот дом во Санта Барбара за да го промовираат својот подкаст „Archewell Audio“. Меган блеснала во прекрасен фустан, а многумина го забележале интересниот накит на нејзината рака. Таа носела розов прстен со сафир, а благодарение на бојата на прстенот, обожавателите на парот веруваат дека Маркл чека девојче.

Принцот Хари и неговата сопруга не коментирале на оваа тема, но неодамна со задоволство ја споделиле веста со јавноста дека очекуваат уште едно дете.

Со фотографијата, парот објавил дека нивниот син Арчи наскоро ќе добие брат или сестра. Тие позираа во задниот двор на нивниот дом и ја објавија бременоста на Денот на вљубените. Тоа е датумот на кој принцезата Дајана исто така објави дека е бремена по вторпат. Експертите за кралското семејство сметаат дека Меган е во петтиот месец од бременоста и дека бебето ќе пристигне во јуни.

Слични содржини