Меган Маркл вели дека била „незаштитена“ од кралското семејство и дека не смеела да се брани од печатот

од Aleksandar Petrovski

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл изјави дека се чувствувала „незаштитена“ од медиумските напади, со кои се соочила кога била член на кралското семејство. Во новиот судски документ поднесен како дел од нејзината правна битка против „Mail on Sunday“ во неделата, адвокатите на Меган Маркл се чини дека ја критикуваат палатата Кенсингтон и имплицираат дека тие не сториле ништо за да и помогнат на војвотката за време на „огромната емотивна вознемиреност“.

„Тужителот стана предмет на голем број лажни и штетни написи од таблоидите во Велика Британија, конкретно од обвинетите, што предизвика огромна емоционална вознемиреност и штета на нејзиното ментално здравје“, рече правниот портпарол на војвотката во документот, во кој увид имаше „Инсајдер“.

„Бидејќи нејзините пријатели никогаш порано не ја виделе во ваква состојба, тие со право биле загрижени за нејзината благосостојба, конкретно затоа што таа била бремена, незаштитена од Институцијата и и било забранувано да се брани“, додаваат тие. Маркл во неделата презеде правни дејства против „Mail on Sunday“ поради злоупотреба на приватни информации, кршење на авторски права и кршење на законот за заштита на податоците 2018, откако објави извадоци од писмо што таа го напишала на својот татко веднаш по кралската свадба.

Таа доби критики за тужбата, бидејќи една пријателка веќе го спомнала писмото во анонимно интервју за списанието „People“ пред да биде објавено воопшто. Таблоидите ја обвинија војвотката за „напад врз сопствената приватност“ – но Маркл негира дека знаела за интервјуто на нејзината пријателка за „People“.

Во судскиот документ, адвокатите на Маркл тврдат дека таа би го кажала ова за записник, но не и била дадена можност да го стори тоа од страна на нејзиниот ПР тим. „Ставот „без коментар“ беше заземен од тимот за комуникации, без никаква дискусија со или одобрување од страна на Барателот, како што е вообичаена практика за Кралските комуникации“, рече портпаролот на војвотката. Тие велат дека ако Маркл „била замолена или добила можност да учествува, таа би побарала од тимот за комуникации на КП да каже дека не била инволвирана во написот на списанието „People“, бидејќи не била“. Палатата Кенсингтон одби да коментира кога биле контактирани од „Инсајдер“.

Слични содржини