Меган Маркл верува дека членовите на кралското семејство покренале заговор против неа?

од Nikola Popovski

Војвотката од Сасекс и поранешна актерка Меган Маркл (38) смета дека имало заговор против неа од страна на членовите на кралското семејство на Велика Британија, со цел да се оштети нејзиниот углед.

Имено, Меган смета дека сето тоа започнало кога се преселила во палатата Кенсингтон со принцот Хари во 2018 година.

Таа верува дека тие сакале да ја оштетат нејзината репутација, откако се омажила за Хари, со цел да го растурат нејзиниот брак.

„Таа беше убедена дека има заговор против неа, па буквално се изолира кога се преселиле во Фрогмор“, изјавил нејзин пријател.

„Мислам дека се чувствуваше како аутсајдер од самиот почеток. Ова не беше живот на каков што беше навикната и сакаше да си замине оттаму. Почна да се чувствува изолирано и да и недостасуваат мајка и и пријателите од Лос Анџелес. Тоа што ја мачеше Меган е фактот дека не заработува пари. Отсекогаш работеше и мислам дека не се чувствуваше исполнето. Желбата за финансиска независност беше една од најголемите причини за заминување“, дополнил тој.

И покрај извештаите на странските медиуми дека не се снашле во Лос Анџелес, парот развил пријателство со пејачката Адел и добитникот на Оскар, Леонардо Ди Каприо.

„Сигурен сум дека нивниот социјален живот ќе се развива на вечери и забави во Лос Анџелес, каде ќе бидат опкружени со луѓе со кои можат да им веруваат и да се поврзат“, рекла уредничката на каналот „Е“,Мелани Бромли.

Двојката била ставена во карантин со недели за време на коронавирусот во вилата на Тајлер Пери во Калифорнија, каде престојувале со нивниот 1-годишен син Арчи.

Слични содржини