Меган Маркл влезе во војна со „Вог“: Еве зошто беше отстранета од насловната страница

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Меган Маркл требаше да се најде на насловната страница на „Вог“ во септември 2022 година, а сега се дозна дека целиот проект пропаднал поради неразумни барања од тимот на војвотката од Сасекс.

„Ситничавоста“ на Меган Маркл не наиде на наклонетост кај познатата уредничка на „Вог“, Ана Винтур, која ѝ забрани да се појави на насловната страница на „модната библија“.

Извори тврдат дека Винтур била толку фрустрирана од сите желби и барања на тимот на војвотката од Сасекс што соработката на крајот била прекината.

За оваа разделба, која се случи во 2022 година, пишуваше Роберт Лејси во книгата „Битката на браќата“, наведувајќи значаен конфликт меѓу Меган Маркл и Едвард Енинфул, поранешниот уредник на британски „Вог“. Наводно, односите меѓу нив двајцата почнале да се влошуваат поради несогласувања околу планираната статија во списанието што би се занимавала со хуманитарната работа на Меган.

Проектот требаше да се поврзе со главниот настап на Меган на самитот „Еден млад свет“ во Манчестер во септември 2022 година, но извори од „Конде Наст“ тврдат дека целиот проект одеднаш бил повлечен и целосно откажан.

Извор за MailOnline изјавил дека Меган била „проблематична“ кога станувало збор за уредување на насловната страница, бидејќи нејзиниот тим инсистирал на специфични наслови и детали. Штом Ана Винтур дознала за тоа, наводно рекла: „Тоа е тоа. Не сакаме да го правиме ова.“

Едвард Енинфул наводно ја поддржал Винтур во оваа одлука, нагласувајќи дека како уредник, таа е онаа која одлучува кој ќе биде на насловната страница.

Иако Меган подоцна реагираше помирно, нејзините соработници имаа „големи очекувања“ за статијата во „Вог“, додека самата војвотка наводно имала порелаксиран пристап.

Меган и Енинфул се спријателија откако тој ја покани да напише колумна за британски „Вог“ во 2019 година, што резултираше со најбрзо продаваното издание во историјата на списанието.

Во 2020 година, Енинфул јавно го поддржа интервјуто на Меган со Опра Винфри, но исто така забележа дека можеби има потешкотии да ја балансира својата поддршка со оглед на неговата сè поголема јавна поврзаност со британското кралско семејство.

Во меѓувреме, Меган и Енинфул го намалија контактот, а извор близок до војвотката тврди дека нивниот однос се променил поради „различни очекувања и околности“.

Британскиот „Вог“ за септември 2022 година имаше своја ѕвезда од насловната страница – канадскиот модел Линда Евангелиста, а тимот на Меган наводно бил заинтересиран за дигитална насловна страница, која исто така на крајот беше откажана.

Слични содржини