Меган Маркл – во шкотски бои во Единбург

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Принцот Хари и Меган Маркл го посетија замокот Единбург на почетокот на својата прва официјална посета на Шкотска. Патувањето е дел од нивниот јавен ангажман пред да се подготват за нивната венчавка на 19-ти мај.

Кралската двојка помина неколку минути во разговор со луѓе од толпата пред замокот. Ова е нивниот четврти јавен настан откако се верија во ноември. Следат патувања во Нотингем, Брикстон во јужен Лондон и во Кардиф.

Меган Маркл носеше капут „Барбери“ во шкотски бои во зелено и сино, и широки панталони на „Veronica Beard“. Таа, исто така, носеше мала торба во зелен тон.

Многу луѓе чекаа часови да ја видат кралската двојка. Студот не ги спречи да ги поздрават и да донесат цвеќе на идната невеста на почетокот на турнејата низ градот.

Слични содржини