Меган откри како се однесувала кралицата кон неа: „Кралското семејство лаже“

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Меган Маркл и принцот Хари одлучија дека е вистинското време да ја откријат својата страна на приказната пред јавноста и ги отворија душите за кралското семејство и животот во Америка во ексклузивно интервју со Опра Винфри.

Меган откри дека била многу осамена во палатата Кенсингтон, но дека кралицата правела секогаш да се чувствува добредојдено.

– Што е со останатите?- праша Опра, а Маркл откри дека впечатокот што им го оставала на сите бил многу важен и дека не смеела да излегува на ручек со пријателите и дека била заробена.

– Толку често луѓето велат дека не можете да го направите „тоа“ затоа што би изгледало „така“. Имаше многу малку што ми беше дозволено, се разбира, бев осамена. Најлесен начин да го разбереме тоа е она низ кое сите поминавме со заклучувањето (поради пандемијата).

Меган додаде дека мислела дека е заштитена, па јавно порача дека кралското семејство лаже.

– Дури кога работите навистина почнаа да се влошуваат, сфатив дека не сум заштитена. Тие беа подготвени да лажат за да ги заштитат другите членови на семејството, а не мене и мојот сопруг – рече сопругата на Хари.

Инаку, на самиот почеток на интервјуто, Меган откри дека се омажила за Хари неколку дена пред кралската венчавка на 19.05.2018 година во Виндзор, па истакна дека Кејт неа ја расплакала, а не обратно, како наведуваа медиумите.

Слични содржини