Меган повторно цел на критики, овој пат поради нејзиниот потег пред ковчегот на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Синоќа во Вестминстерската опатија во Лондон, еден потег на Меган Маркл особено привлече внимание додека присуствуваше на службата во чест на кралицата Елизабета со другите членови на кралското семејство.

Кралското семејство ѝ оддаде почит на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската сала откако членовите на дворот присуствуваа на кратка служба, а Меган Маркл беше видена како длабоко се поклонува пред ковчегот на кралицата – еден од нејзините последни дела во чест на поранешниот британски владетел.

Во претходното интервју со Опра Винфри, кое деновиве е предмет на различни критики, Меган Маркл откри дека пред првата средба со кралицата морала брзо да го научи протоколот, односно поклонувањето, како и дека во тоа ѝ помогнала поранешната снаа на Елизабета Втора, војвотката од Јорк.

Со својот вчерашен гест Меган трогна многумина, додека кај другите предизвика конфликтни реакции. Оние другите гледаат лицемерие во многу нејзини потези кон кралицата и укажуваат на сложениот однос што постоел меѓу неа и дворот. Вистина е дека „Мегзитот“ предизвикан од американската актерка и британскиот принц беше тежок удар за Елизабета Втора, но не треба да го игнорираме фактот дека Меган и Хари се обидоа да ја заштитат кралицата од нивните воопшто безопасни обвинувања насочени на сметка на дворот.

По кратката служба, Меган и Хари беа видени како се држат за рака, како и Зара и Мајк Тиндал – по 38-минутната поворка до Бакингемската палата, пренесува „Мирор“.

Принцот Хари одеше заедно со својот брат, принцот Вилијам, за време на неодамнешното последно патување на кралицата од Бакингемската палата до Вестминстерската сала, додека Меган пристигна со автомобил со Софи, грофицата од Весекс.

Се чинеше дека Меган длабока воздивна кога ковчегот на кралицата поминуваше пред неа.

Слични содржини