281
Во следниот период од седум дена, 24 часа ќе бидат активни шест телефони за прва психолошка помош за засегнати лица во опожарените области, информираат од Првата детска амбасада.
-Амбасадата во соработка со ЗСП Психеско, од денеска е во дополнителна засилена служба на децата, нивните семејства и другите засегнати лица во опожарените области кои преку телефонските броеви ќе можат да се обратат за прва психолошка помош, велат од Меѓаши.