Меѓу Груевски и Заев – повторно би го одбрал Заев, вели Меџити

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Претседателот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити смета дека местото претседател на Собранието веќе е завршена работа и член од нивната коалиција ќе биде предводник на функцијата. Сепак посочува дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ се уште траат.

Меџити во емисијата „Клик плус“ говорел и поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Зоран Заев. Според него, Заев е храбар лидер, кој донел храбри одлуки за напредок на државата.

Тој истакнал дека во 2016 година имало две групи во ДУИ и дека е тоа време кога се прекрши принципот „победник со победник“.

„Едната беше да се продолжи со Груевски на која припаѓаше и Беџети, а другата, која ја предводев јас беше да се прави влада со Зоран Заев. Тоа во тој момент беше исправна одлука затоа што така како држава можевме да тргнеме напред. И така беше, државата стана членка на НАТО. Помеѓу Груевски и Заев, повторно би го избрал Заев”, рече Меџити.

Според него, апсолутен победник во албанскиот блок е ВЛЕН бидејќи освоила 107 илјади гласа, додавајќи дека во Македонија поради миграција нема повеќе од 200 илјади албански гласа.

Меџити смета дека Албанците во земјава му рекле доста на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Слични содржини