Меѓу контрадемонстрантите во Белград има и лица барани од Интерпол

од desk2
10 прегледи

Еден од учесниците во нападите врз косовската полиција во Бањска, на северот на Косово, против кого косовското обвинителство подигна обвинение, во саботата бил меѓу контрадемонстрантите чувани од полицијата во центарот на Белград, кога на плоштадот Славија се одржа протестот на 140.000 српски граѓани кои бараа вонредни избори.

Како што пишува Радио Слободна Европа на српски јазик, во „Ќациленд“, кампот со шатори на контрадемонстрантите кај Пионерскиот парк, односно на околу еден километар од плоштадот Славија, е идентификуван и Владимир Вучетиќ, еден од 45-те што обвинителството на Косово ги товари за насилствата и нападите врз полицијата во Бањска. Но тој, според јавните податоци, во Србија не се товари за тоа дело.

Покрај Вучетиќ, уште 10 други лица облечени во идентични зелено-маслинести кошули, се фотографирани и снимени во близина на полициските сили распоредени пред Претседателството на Србија, Парламентот и објектот на Советот на Белград, меѓу кои се наоѓа и контрадемонстрантскиот камп.

Фото: Радио Слободна Европа

Слични содржини