Неколку лица, меѓу кои и две деца, загинале во крвавиот напад што се случи попладнето во кафеана во центарот на Цетиње, кога осомничениот чиј идентитет и е познат на полицијата убил четворица мажи, ранил уште две лица, а потоа побегнал од местото на настанот со возило марка „фиат караван“.
Радио Цетиње пишува дека недолго потоа било објавено дека убил и двајца малолетници и ранил една жена. Тамошната полиција информира дека трага по Аца Мартиновиќ од Цетиње.
Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и кривично гонење на сторителите.
-Ова се првите податоци на полицијата на местото на трагедијата, а се стравува дека бројот на жртвите на масовните убиства ќе биде уште поголем, пишува црногорски „Вијести“.