Судиите на највисокиот суд на Обединети нации денеска утврдија дека Русија прекршила елементи од антитерористичкиот договор на ОН, но одбија да пресудат по обвинувањата на Киев дека Москва е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ на летот MH17 над источна Украина во 2014 година.
Во истата пресуда, судиите на Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) утврдија дека Русија го прекршила Договорот за антидискриминација со тоа што не обезбедиле образование на украински јазик на Крим по анексијата на полуостровот во 2014 година.
Но, ИЦЈ, го одби барањето на Украина, да нареди исплата на отштета за двете кршења на договорите и само и нареди на Русија да ги почитува договорите.
Во 2017 година, Украина поднесе жалба до ИЦЈ обвинувајќи ја Русија за кршење на антитерористичкиот договор со финансирање на проруски сепаратисти во Украина.
Судиите истакнаа дека Москва го прекршила антитерористичкиот договор на ОН со тоа што не ги истражила веродостојните тврдења дека некои средства биле испратени од Русија во Украина за евентуално финансирање терористички активности.
Судот одби да пресуди за соборувањето на авионот на летот MH17 бидејќи финансирање на тероризмот се однесуваат само на парична и финансиска поддршка, а не и на набавка на оружје или обука, за што Украина ја обвини Русија. Киев тврдеше дека Русија го испорачала ракетниот систем што го соборил авионот, но не навела за финансиска поддршка во случајот.