Меѓу загинатите во несреќата, 20 лица се од општина Студеничани

од Nikola Popovski
272 прегледи

Градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику информираше дека меѓу загинатите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија, има и 20 жители од оваа општина.

-Околу 20 лица од загинатите се од наши населени места. Цело едно семејство, мајка со 4 деца се починати. Мајка со две деца со потекло од село Морани кои живеат во Скопје исто така се загинати. Имаме и колега матичар од служата од за матична евиденција, кој исто така загина со неговата сопруга. Меѓу жртвите има и учителка со своето малолетно дете, изјави Садику на прес-конференција.

Тој исто така информира дека четворица од преживеаните се исто така од општината Студеничани.

-Ова е голема загуба , за сите нас, за цела држава, рече Садику.

Слични содржини