68
Со конференција на која ќе бидат доделени договорите за грантови, денеска во Министерството за земјоделство ќе биде одбележан Меѓународниот ден на земјоделските задруги.
На конференцијата ќе биде промовирана и избраната чадор-организација на земјоделските задруги во земјава, а ќе биде соопштен и нивниот главен фокус за престојните 18 месеци.
Ќе се дебатира и на темата „Земјоделски задруги – решение за пласман на земјоделски производи“.
Годинава мотото на Меѓународниот ден е „Задруги за достоинствена работа“.