Меѓународен ден на знаковниот јазик: „На глувите лица им е потребна помош за да напишат барање до некоја институција“

од Берта Китинска
321 прегледи

Знаковниот јазик не е доволно застапен во нашата земја, на глувите лица им е потребна помош за да напишат Си-Ви или да напишат барање до некоја институција, беше оценето на денешното одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик на тема „Образованието кај глувите лица и застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава“.

Лиза Велкоска, генерален секретар на Националниот сојуз на глуви и наглуви ја поздрави инклузијата на деца со попреченост, во овој случај глуви и наглуви деца, во образовниот процес. Таа рече дека процесот е релативно нов и треба време да се покажат резултатите.

Со овој процес, истакна таа, глувите деца ќе имаат можност да се образуваат во еден ист образовен процес заедно со слушните лица.

Таа напомена дека личните асистенти кои ќе работат со глувите и наглувите деца треба да бидат стручни и да имаат однапред организирана програма, а за тоа треба да добијат соодветен надомест.

Генералната Секретарка на НСГНРСМ информираше дека потребни се поголем број на асистенти кои ќе можат да работат со глувите лица и истакна дека Сојузот континуирано спроведува обуки за знаковен јазик.

Велковска го поздрави потегот на Владата, во изминатиот период на нивните прес-конференции да бидат прикажани и на знаковен јазик, со цел глувите лица да ги добиваат информациите исто како и сите останати.

Таа порача дека во нашата земја треба да се зголеми употребата на знаковниот јазик во институциите, како и во обрзованието, со цел глувите и наглувите луѓе да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.
Генералната секретарка на НСГНРСМ соопшти дека е напревена анкета на глуви лица со цел да се утврди сегашната слика за нивната состојба.

– На прашањето дали без никаква помош можат да напишат Си-Ви, 13,5 од анкетираните одговориле со „да“, 14,4 со „делумно“ и 75,3 проценти од нив со „не“. Со што може да се заклучи дека на повеќето им била потребна помош од друго лице. На прашањето дали вие како глуво лице сам можете да напишете барање до одредена институција без никаква помош, 81,7 процнети одговориле со „не“, образложи Велкоска.

Таа посочи дека на прашањето дали вие како глуво лице можете да ја разберете суштината на одреден текст од дневен весник или медиум, 28,4 одговориле со „да“, 25,8 проценти „делумно“ и 45,8 со „не“.
Во однос на комуникацијата на социјални мрежи, на анкетата, 17,5 отсто од лицата одоговориле дека можат без потешкотии да комуницираат, 27,5 проценти дека делумно можат да комуницираат и 55 отсто дека не можат.

– На прашањето дали вие како глуво лице сметате дека знаковниот јазик е доволно застапен во нашата држава, 10,8 отсто одговориле со „да“, 31,7 проценти „делумно“ и 57,5 проценти со „не“. Значи глувите и наглувите лица сметаат дека знаковниот јазик не е доволно застапен во нашата држава, рече Велкоска.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нагласи дека заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска продолжуваат да работат на концептот „Едно општество за сите“.

– Ова е концепт којшто треба да ги вклучи сите граѓани на еднакви основи и да им создаде еднакви можности да бидат активни чинители во општеството. Кога мислам едно општество за сите не мислам дека луѓето треба да ги вклучуваме заради нивната попреченост, туку мислам дека луѓето треба да ги вклучуваме врз основа на нивните способности да можат учествуваат, да креираат политики и да го градат нашето општество, истакна Шахпаска.

Таа рече дека нејзина заложба како министер за труд и социјална политика е знаковниот јазик да најде своја целосна примена, односно да можат да го користат во пристапот кон институциите сите глуви лица во нашата земја.

– Знаковниот јазник е основниот предуслов и елемент за да ги вклучиме глувите лица во процесот на образование. Преку пороцесот на образование ги оспособуваме да го креираат својот професионален идентите за да можат понатака да се реализираат во општеството, посочи Шахпаска.

Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека како министер сега има нови предизвици за подобрување на образовниот систем за глувите и наглувите лица.

Таа рече дека треба да се размисли можноста во основните училишта да се воведе знаковниот јазик.

– Очекувам специфични препораки што е тоа што на вас исто ви треба во образованието да стане реалност, и ако ми кажете една работа јас ќе се заложам таа една работа во мандатот да ја направам и со тоа сме направиле еден чекор нанапред, се обрати Царовска кон глувите лица.

Слични содржини