Меѓународната заедница да реагира на заканите кон наставниците и негувателките, бара Мицкоски

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за вандализирање на детската градинка во Ѓорче Петров, ја повика меѓународната заедница, ОБСЕ и останатите кои што ги следат процесите во Македонија да реагираат на ваквите „закани спрема просветните работници и вработените во детските градинки“, посочувајќи дека овој начин на однесување од страна на, како што тврди, „активисти на владата на СДСМ“ е скандалозно.

– Во спротивно ќе бидам разочаран и од нивното однесување, изјави Мицкоски.