Меѓународниот комитет на Црвениот крст започна да ги регистрира заробениците од Азовстал

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) започна да регистрира стотици затвореници од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол, соопштено е денеска.

МКЦК во соопштението наведе дека регистрацијата на украинските борци кои ја напуштиле фабриката за челик, вклучувајќи ги и ранетите, започнала во вторникот и продолжува денеска, пренесе „Ројтерс“.

МКЦК зема информации од поединци за да ги следи заробениците.

Слични содржини