Мегваер: Работиме напорно и имаме една цел

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Централниот бек на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер доби многу критики од навивачите и новинарите за време на неговата лоша сезона минатата година, па дури имаше повици да му биде одземена капитенската лента.

Сепак, тоа нема да се случи и вчера новиот менаџер на тимот, Ерик тен Хаг, потврди дека останува капитен на „црвените ѓаволи“.

Самиот дефанзивец ја изрази големата мотивација на целиот тим да ги усвои принципите на работа и да му се докаже на новиот тренер на тимот.

„Се оженив летово, а потоа отидов на меден месец со сопругата да се одморам. Летото не ми беше особено долго, но беше одлично, се вратив одморен и освежен. Беше добро да се појавиме во Карингтон и да ги видам момчињата како работат напорно и да им се придружам. Сите се вратија во одлична форма, работиме напорно и имаме една цел, а тоа е да постигнеме успех со клубот. Секоја година е така за време на подготовките, но кога имаш нов менаџер сакаш да се докажуваш и да импресионираш уште повеќе. Тој има високи барања и со нетрпение очекуваме да научиме од него, да се подобриме себеси. Едвај чекаме да ги реализираме неговите принципи и со нетрпение очекуваме да видиме што носи иднината“, рече Мегваер.

Слични содржини