Мегваер заминува за „ситни пари“!

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Веројатно трансферот на Хари Мегваер, иако неочекувано, е врв на неуспехот на Манчестер Јунајтед.

Стоперот дојде на „Олд Трафорд“ за 87.000.000 евра, а според информациите, ќе си замине за нешто повеќе од 10.000.000 и тоа веројатно кажува доволно.

Уште од 2019 година, кога дојде од Лестер, се „мачи“ и ја бара формата што ја имаше кај „лисиците“, но така и не го видовме во тоа издание. Често се прашуваше зошто не се ослободија од капитенот на „Олд Трафорд“, но токму тоа, капитенот и домашниот играч, како и големата плата секако беа меѓу главните пречки.

Неговиот договор истекува во јуни 2025 година, но Јунајтед е подготвен да го пушти уште порано, со оглед на тоа што тој повеќе не е капитен и не е дел од стартната постава, па зимскиот рок е реална опција. Неговата вредност се проценува на околу 12.000.000 евра, што е вртоглаво помалку од парите за кои дошол.

Мегваер оваа сезона одигра девет натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол, а веројатно ова нема да биде неговата најлоша сезона откако е во Манчестер.

Слични содржини