Мехмедовиќ: Ако ги тргнеме маските би оставиле голема група на луѓе незаштитени и експонирани на вирусот

од Берта Китинска
335 прегледи

Се уште е висока инциденцата кај оние кои се одговри за трансмисија на вирусот во затворени простории, а тоа се повозрасните лица, се уште имаме релативно висок број на новозаразени и кога би ги тргнале маските во овој момен би оставиле голема група на луѓе незаштитени и експонирани на вирусот, а знаеме дека маската штити, вели доктор Злате Мехмедовиќ во Утрински Брифинг.

-Се уште сме на ставот и имаме задршка дека во овој дел не треба да се прават промени, нека останат маските уште некое време, да не ја повториме гршката која ја направија осанатите земји, како Британија, Шведска, Данска…., појаснува Мехмедовиќ.

Слични содржини