Мехмедовиќ: Негативен e тестот за мајмунски сипаници на лицето од Кичево

од Берта Китинска
201 прегледи

Негативен е тестот на лицето од Кичево кое денеска беше тестирано од мајмунски сипаници, информира за Локално, др. Злате Мехмедовиќ.

Кичевчанецот одбивал да биде тестиран по што државните институции по наредба на министерот за здравство испратиле инспектор до неговиот дом за да му достави и решение за здравствен надзор што вкучува тој да патува до Битола за да се јавува во Центарот за јавно здравје.

-Ова не е нов ковид, овде нема место за паника меѓу граѓаните. Не очекуваме никаков драматичен развој и сериозно ширење на оваа нова болест. Поставено е сомневањето врз основа на клиничката презентација и му е понудено тестирање. Во тој момент одбил да се тестира и не се пријавил во Инфективната клиника, после што се известени лекарските служби од Битола и тие реагирале веднаш. Ангажирана е матичната лекарка на пациентот и комуникација е воспоставена. Епидемиологот од Битола двапати бил кај него дома, разговарано е со членовите на семејството и објаснето е дека тестирањето е во интерес на сите, изјави вчера претседателот на КЗБ, д-р Александар Петличковски.

Согласно податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во светот до 9 август се пријавени вкупно 31 800 случаи со мајмунски сипаници. СЗО ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за меѓународна јавноздравствена вонредна состојба.

Слични содржини