457
Очекувањата се дека пикот со омикрон сојот ќе биде во првата или втората недела на февруари, вели др. Злате Мехмедовиќ во своето гостување во „Магазин“.
-Омикрон варијантата е по блага од делтата и тоа се докажа низ процесот на хоспитализација. Има помал број на пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, но треба да се внимава на бројот на новозаразени, високиот број може да се преведе на хоспитализација, гледаме дека се уште имаме двоцифрен број на починати пред некој ден имавме 24 починати не се сите од омикрон веројатно дел од нив отпаѓаат и на делтата меѓутоа омикронот е се уште болест од која сериозно може да се разболите и од која може да починете и треба да внимаваме како се однесуваме, вели Мехмедовиќ.