Мехмедовиќ: Зборот манипулација беше погрешно употребен, на КЗБ и се извинувам за недоразбирањето

од Берта Китинска
255 прегледи

По денешното гостување на Утирнски брифинг, зборувајќи за високата смртност од ковид-19 во Македонија, д-р Злате Мехмедовиќ рече дека имало манипулација со бројките на починати и дека новиот состав на Комисијата за заразни болести ќе ги преразгледа сите досегашни извештаи, неговата изјава предизвика бура во јавноста.

Тој не прецизираше на каква манипулација со бројки мислел. Поради тоа, тој се огласи на Фејсбук.

– Во денешното гостување на Утрински брифинг на прашањето за високата смртност во нашата земја од ковид одговорив:” Има статистики кои се водени од претходната комисија за заразни болести кои сериозно ќе ги разгледаме, затоа што да имаше манипулација со бројките, но апсолутните бројки укажуваат на тоа дека сме на 6 или 7 место по смртност” . Би сакал да појаснам, пред се поради големиот интерес на новинарите што точно значи “манипулацијата” со бројките. Не се работи за манипулација на бројките од страна на претходната комисија за заразни болести, туку за начинот на кој се интерпретираат бројките во јавноста. Долго време се разговараше на темата дека во ковид евиденцијата се водат и починатите од друга болест или несреќен случај кај кои е посмртно докажан присуство на коронавирусот, а тоа може да биде и причина за големата смртност, и тоа е нешто за што ќе се отвори дискусија на КЗБ, напиша докторот.

Докторот упати и извинување до Комисијата за заразни и посочи дека истатат водела точна евиденција за смртноста.

– Комисијата за заразни болести водела точна евиденција согласно препораките на СЗО за смртноста и не станува збор за манипулации на тие бројки, туку за манипулациите и дезинформациите во јавноста поврзани со смртноста за која основната причина е ковид. Зборот манипулација беше погрешно употребен и требаше да биде дообјаснет, на Комисијата за заразни болести и се извинувам за недоразбирањето, порача Мехмедовиќ.

Слични содржини