Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ тврди дека метапневмовирусот не се очекува да биде нов Ковид-19. Ова следува откако во соседството, поточно во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран.
Според Мехмедовиќ, вирусот е стар и вообичаено циркулира во зимските месеци. Тој е дециден дека не треба да се крева паника дека ова ќе биде нешто налик на 2020 година кога избувна пандемијата со коронавирусот.
Симптомите се како кај грипот – секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови. Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт, преку допир на контаминирани предмети па потоа допирање уста, нос, очи. Вообичаено дава горнореспираторни симптоми, поретко долнореспираторни.
Пациентот во Грција, како што пишува „Катимерини“, првично бил препратен на приватна клиника, но поради сериозноста на состојбата бил префрлен во болницата „Папаниколу“, каде што поради влошената здравствена состојба е интубиран.
Според информациите на кои се повикува грчкиот весник, мажот бил тестиран, по што кај него бил дијагностициран вирусот ХМПВ, кој во моментов бележи пораст во Кина и се лекува во изолација.
Човечкиот метапневмовирус (HMPV) е вирусен патоген кој припаѓа на семејството Paramyxoviridae, првпат идентификуван во 2001 година. Овој напис дава увид во HMPV, вклучувајќи ги неговите карактеристики, симптоми, пренос, дијагноза и превентивни стратегии.