Мехмети: Господинот Селфи е хулиган кој му го урива угледот на Ахмети!

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, вчера на својот профил на Фејсбук упати жестоки критики кон сопартиецот Артан Груби, нарекувајќи го „хулиган“ и „поттикнувач на конфликти”. Според неа, Груби е еден од виновниците за намалување на авторитетот на партискиот лидер Али Ахмети.ermira-artan

„За жал, нема ништо од реформите во ДУИ. Тоа е нормално кога корумпирани членови и губитници го уриваат и кредибилитетот на лидерот. За едно нешто немам никакви дилеми, а тоа е дека губењето на авторитетот на Ахмети и на партијата почна кога во структурите на ДУИ високо беше лансиран господинот Селфи, хулиганот кој може само да потикнува конфликти, без разлика дали е тоа на стадион или кога носи наметка на политичар“, напиша Мехмети на Фејсбук.

Според Либертас, причина за овој пост биле нарачани прилози на Алсат-М дека Ермира Мехмети ја користи позицијата за да полага нотарски испит, зад кои, според неа, стои шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби.