Политичкиот аналитичар Ким Мехмети смета дека денешната ситуација со исчезнувањето на пратеникот Кастриот Реџепи е „поигрување со чувствата на граѓаните“.
-Пратениците ќе не штителе и држат на патот кон ЕУ и НАТО, Таквите како пратеникот на БЕСА не ми требаат за да се насочат кон ЕУ. Реџепи се плаши од себеси, од своите постапки. Тој да е сигурен во своите постапки не треба да се крие. Нема злосторство. Нашите партии станале трговски фирми. Политичкиот покер се игра со етнички карти, вели Мехмети во емисијата „Само вистина“.