
Премиерот на Велика Британија Тереза Меј ќе ја повика опозицијата да и помогне за зајакнување на малцинската влада, бидејќи земјата треба да е стабилна во процесот на преговарање за излез од Европската унија, тврдат светските агенции.
Според првичните информации Меј ќе ја повика опозицијата со говор кој е закажан за утре, 11 јули. Молбата на премиерот на Велика Британија доаѓа речиси една година откако таа е инаугуриран како премиер и малку повеќе од еден месец од предвремените избори во земјата од 8 јуни, кога Меј го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот.
Во последно време се повеќе се дискутира за варијанти, во кој Велика Британија нема да ја напушти Европската унија. Според студија на Лондонската школа за економија и политички науки луѓето кои го посакуваат напуштањето на ЕУ значително се намалени.
Секој 6 од 10 жители на Островот посочиле дека сакаат да ги задржат европското државјанство и да можат слободно да патуваат, живеат, работат и учат во рамките на ЕУ.
Покрај јавното студија слично мислење изрази и Џејмс Чепмен, поранешен помошник на министерот за Брекзит на Велика Британија Дејвид Дејвис. Според него цврстата и “абсолутистичка” позиција на Меј ги “закла” можностите на Дејвис за водењето на нормални преговори со Брисел.
На почетокот на месецот “The guardian” информира дека висок извор од опкружувањето на Меј ги предупредил бизнис круговите дека постои можноста Британија да се откаже од преговорите за Брекзит.
Тоа било предизвикано од трошоците по излегувањето на Велика Британија, кои изнесувале 100 милијарди евра и кои Меј категорично изјави дека нема да бидат исплатени.
Вчера, пак, поранешниот министер за бизнис и ветеран во британската политика Винсент Кејбл исто толкува дека постои веројатност Меј да се откаже од намерата да ја напушти ЕУ. Според него главните политички партии се премногу поделени по прашањето, особено откако конзервативците го загубија мнозинството на предвремените избори.