240
Боксерската ѕвезда Флојд Мејведер можеби ќе биде новиот сопственик на англиски Њукасл, велат локалните медиуми.
„Страчките“ имаат потреба од инвеститор кој ќе ги врати во горната половина на табелата, а боксерот навести дека може да се вмеша и да дури може да го засили тимот со светска ѕвезда.
„Размислете, ако инвестирам во Њукасл, ќе имам причина да се враќам тука почесто. Го сакам тимот и секогаш сум отворен за нови предизвици. Вложувам пари со главата, а не со срцето. Ќе се посоветувам со некои луѓе и ќе видам дали можам да заработам пари“.
„Ако одлучам да го направам тоа, можам да го земам Кристијано Роналдо со мене. Тој ми е пријател, а и ќе може пак да поигра во Англија“, прокоментира Мејведер.